Протестите денеска беа во знакот на само една боја – црвената, како симбол на крвта на Мартин Нешковски, кој на 6 јуни 2011 година, беше убиен на градскиот плоштад во Скопје.

13140682_10154118660669804_1500868225_n

Демонстрантите на плоштадот Македонија прво поставија транспарент со натпис „Пробавте да сокриете убиство“, а потоа со црвена боја на плочникот оставаа отисоци од раце и напишаа „Убијци“ како и „Правда за Мартин, слобода за народот“.

13140780_10154118668154804_2059228359_n (1)

Денеска протестот организиран од „Протестирам“ одбележува една година, откако на 5 мај лани преку „бомбите“ на СДСМ се дозна дека власта се обидувала да ја прикрие вистината за убиството.

13150047_10154118715904804_1049124104_n

Инаку, традиционално – колоната демонстранти тргна од пред зградата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и се упати кон Собранието на Македонија. Во првиот ред беше и Александар, братот на убиениот Мартин Нешковски. Неколкуте илјади демонстранти извикуваа: „Нема правда, нема мир“ и „Убијци, убијци“.

13162115_10154118670864804_1952550685_n

Граѓаните пред Собранието, ја пуштаа песната „Во борба, во борба“, а потоа пуштија и „бомби“ од кои се дозна како било прикривано убиството на Мартин Нешковски.

13149835_10154118626579804_1633030390_n

Пред Собранието драматично обраќање имаше Јасмина Голубовска, чиј татко е поранешен полицаец и е со ампутирана нога. Говорејќи пред полицајците кои го чуваа парламентот таа рече дека татко и не ја добил потребната нега на Торакалната клиника, односно, како што рече, во „зградите на смртта“.

13152863_10154118621984804_1221844541_n

– Бара помош од соборците на улица, а не од патриоти во фотељи. Три месеци се соочува со здравствени проблеми, има ампутирана нога, а лежи во нечист кревет, со лебарки и цела недела му оставале храна покрај ампутираната нога. Сега е во приватна болница и бара пари и помош за лекување. Би сакала овие лица да ги снема од нивните фотељи и татко ми да добие нега каква што заслужува – рече таа.

Протестот потоа продолжи пред Владата. Таму граѓаните поставија слики од поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на кои напишаа „Пробаа да сокријат убиство“ и ги бојадиса со црвена боја./ извор Мета

Слични содржини