Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северен правец.

ох

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 18 до 24 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево и малку потопло со  мала облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

За време на продолжениот празничен викенд ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринската температура во сабота ќе биде релативно ниска за овој период од годината, а дневната ќе бележи тенденција на пораст и ќе се движи од 22 до 28 степени.

Од понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Слични содржини