Изјавата на Катица Јанева дека „од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека претседателот на државата, уставните судии и пратениците во Собранието се нелегитимни“, предизвика жестоки реакции, а денеска се спомнаа и термините „постапка за смена“, „уривање на суверенитетот на државата“ и дека Јанева сторила „едно од најтешките кривични дела“.

janeva

По вчерашните соопштенија од Собранието и од техничкиот премиер Емил Димитриев, дека изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за наводната нелегитимност на клучните инстистуции на државата претставува „врв на еден несмасен потценувачки однос со кој се урива и нејзиниот легитимитет“, денеска на иста линија реагираше и цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференција на која говореше координаторот на пратеничката група на владејачката партија, Илија Димовски, беше повторно доведен во прашање опстанокот на СЈО. На новинарско прашање дали поради квалификацијата дека го урива суверенитетот на државата, што е едно од најтешките кривични дела, Собранието ќе покрене постапка за смена на Јанева, тој рече: „Постапка за смена, според Законот, покренува Советот на jавни обвинители, а Собранието постапува во втора инстанца“.

Денеска и Советот на јавни обвинители повторно ја одложи седницата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Причина за одложувањето и овојпат беше неприсуството на Јанева.

МЕТА

Слични содржини