ВМРО-ДПМНЕ ќе формира народни стражи за да ги чува изборите

од desk2

Имаме сериозни информации на нарушувања на изборните правила, поткупувања, злоупотреба на државни институции, активно мешање државни ресурси за партиски цели. Вакви информации има на повеќе места во Македонија, што укажува на системски пристап, а не се изолирани случаи, изјави Спиро Ристовски, претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека во отсуство на реакција од страна на државните институции ВМРО-ДПМНЕ ќе се самоорганизира со народни стражи.

„Тимови од ВМРО-ДПМНЕ се на терен и сите нарушувања и прекршувања на изборниот процес ќе ги документираат. Сите овие нерегуларности говорат дека СДС е во огромна нервоза, свесен дека не може да ја промени волјата на народот. Ова се чекори на очајни луѓе и луѓе во паника“, рече Ристовски.

Тој рече дека во скопско Тафталиџе активисти кои се преставувале дека се од СДС нуделе од 3 до 5 илјади денари за гласање, во Крива Паланка се делел зејтин, а во Крушево се нуделе дрва за огрев и за возврат се барало да се гласа за СДС.

Слични содржини