ВМРО-ДПМНЕ: Мафијаши, симпатизери на власта, вршат притисок врз гласачи во Демир Капија

од desk2

Опозициската ВМРО-ДПМНе денеска, преку соопштение, обвини дека граѓаните кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се таргетирани од криминалните структури под контрола на владејачката СДСМ, дека се малтретирани, тепани и под закана за нивната безбедност и живот.

„Но заплашувањето, уцените и заканите повеќе не функционираат граѓаните се почесто и посмело излегуваат јавно да сведочат за мафијашкото делување на СДС. Смелоста на овие луѓе ќе го порази режимското владеење на Зоран Заев и СДС. Граѓаните на полицијата и Оливер Спасовски со име и презиме им ги посочуваат сторителите на овие кривични дела, но полицијата во овие случаи се јавува само како соучесник наместо да ја врши својата законска должност.

Само последен во низата црни настани со кои во Македонија се укинува демократијата е инцидентот што се случи во Демир Капија каде градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја води борбата за вториот круг од локалните избори. Според сведоштвото на граѓаните по посетата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија на граѓанин, на врата тропнала мафијата на СДС која со огнено оружје почнала да им се заканува дека ќе ги убие поради нивната политичка определба“, стои во соопштението.

Според нив, мафијашите, симпатизери на СДС по сведоштвата на граѓаните и признале дека редовно го следат кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Демир Капија.

Слични содржини