ВМРО-ДПМНЕ: Македонија докажа дека е демократска држава

од Vladimir Zorba

Македонија денеска докажа дека е демократска држава, а најважно за иднината е што изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера без никакви сериозни инциденти.

Ова го истакна вечерва на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ директорот на Центарот за комуникации на партијата Иво Котевски.

– ВМРО  им честита на граѓаните и го поздравува нивниот избор. Денес македонските граѓани мирно и достоинствено масовно излегоа да гласаат покажувајќи дека сакаат да се стави крај на двегодишната криза во која СДСМ ја втурна земјата, истакна Котевски.

Тој додаде дека граѓаните добија можност и го искористија своето право демократски и без притисоци да ја искажат својата волја и да ја заокружат опцијата што тие мислат дека е најдобра за нив и за нивните најблиски.

– Граѓаните слободно и демократски гласаа за понудата што тие сметаа дека им обезбедува попросперитетна иднина, рече Котевски.

Одговарајќи на новинарско прашање на што се должи големата излезност, рече дека е рано да се коментира но, како што додаде, смета дека сепак се должи на огромната мотивираност на граѓаните и на тоа што изминатите 20-тина дена во кампањата што ја спроведуваа двете партии граѓаните имаа добра можност да се запознаат со понудата на ВМРО и на СДСМ и на останатите учесници во изборите и слободно по своја волја да одлучат што е најдобро за нив и нивните најблиски.

Слични содржини