ВМРО-ДПМНЕ обвинувањата на потпреседателската на СДСМ Радмила Шекеринска ги отфрла како ниски и лицемерни.

Во реакцијата наведуваат дека досега се одржуваа повеќе средби на работната група и оти СДСМ и нејзините претставници Радмила Шекеринска и Рената Десковска Треневска биле единствени кои не присуствувале.

VMRO DPMNE 0603

– Смешни се тврдењата на Радмила Шекеринска и обидите да ја префрли вината на други од најмалку две причини. Прво, заради тоа што анкетите на јавното мислење јасно покажуваат како СДСМ ќе помине на следните избори. Второ, тоа го гледаат и многу функционери во СДСМ, кои или веќе покажаа непослушност или веќе си поднесоа оставки и се дистанцираа од ова раководство на СДСМ,л наведуваат во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ појаснува дека навремено побарале одложување на денешната средба поради државни и работни обврски на министерот за надворешни работи, Никола Поповски, кој воедно е претставник на ВМРО-ДПМНЕ во оваа работна група.

Тој се наоѓа во работна посета на Брисел, каде се сретна со словачкиот заменик премиер Мирослав Лајчак и еврокомесарот Јоханес Хан и беше претседавач на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ.

– СДСМ може да ги обвинува другите колку сака, но на сите им е јасно дека тие ќе сторат се возможно и невозможно да ги избегнат изборите во април, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Слични содржини