СДСМ со секоја нова прес- конференција го покажува очајот и немоќта во која е заглавена. Жално е и поразително што нивниот главен адут не се програма, идеи и проекти, туку сечени, монтирани, прилепувани и вадени од контекст материјали-регираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната бомба на СДСМ.

20894mala

Манипулацијата е видлива, СДСМ ќе извади разговори кои се однесуваат на сосема други ситуации и околности, ќе ги монтира и прилепи, и потоа ќе ги прикаже во неточен конктест кој само нив им одговара. Но дури ни тоа не им е доволно, па додаваат наратив и дообјаснување за лагата да биде потполна. Но вистината не е во сечените и прилепувани материјали, туку во она што навистина е направено и што е реално. Ниту шамар некому од опозицијата му бил удрен, ниту некој во ендек завршил, исто како што ниту некоја фирма била затворена поради политички мотиви или пак на било кого од опозицијата му е наштетено.

Плодот на работата на СДСМ во Општина Центар е: изградба на дивоградби како Тифани Кинески ѕид, Лумикс, запустен плоштад кој наликуваше на периферен град од некоја африканска земја, раскопани булевари и улици. Плодот на работа на ВМРО-ДПМНЕ за Центар е: реконструирани и проширени булевари како Илинденска, Партизански одреди, Теодосиј Гологанов, нови мостови и паркови, нови автобуси, изградени нови катни гаражи, изградба и уредување на нови плоштади, изградба на театар, музеј, нова и репрезентативна Градска куќа, изградба на објекти за државните институции за кои порано се одлеваа милиони денари по основ на кирии и многу други, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини