И после цел месец СДСМ и Андреј Жерновски немаат одговор на прашањето кој сакал да ги киднапира децата во „11 Октомври“, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

вмро дпмне
-Кои се измислените киднапери на деца кои СДСМ и Жерновски ги користеа во својата црна кампања, злоупотребувајќи ги децата и навредувајќи ги родителите кои не пријавиле обид за киднапирање? Ова е само продолжение на бесрамната пракса на СДСМ да ги користи најмладите во својата борба за ситни дневнополитички поени. СДСМ во својата безидејна кампања сега ги турка и децата од Општина Аеродром, измислувајќи повторно подли лаги и манипулирајќи, стои во реакцијата на партијата.

САД ги однесоа Јанева и обвинителите на обука за „Финансиските истраги и меѓународната соработка“

Од ВМРО- ДПМНЕ додаваат дека за оваа злоупотреба на децата СДСМ ќе плати за 150 дена.

-СДСМ не научи дека со лаги, манипулации и злоупотреба на граѓаните во политички цели не се доаѓа на власт. На 24-ти април по десетти пат СДСМ ќе ја повтори лекцијата.

Слични содржини