ВМРО-ДПМНЕ тенденциозно ја “влече“ седницата со дискусии и реплики

од Vladimir Zorba

Очигледна е намерата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја пролонгираат собраниската седница на која треба да се избере Комисијата за избори и именувања.

И по речиси еден час од почетокот, расправата за избор на членови на Комисијата сè уште не е почната, бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ масовно ја користат можноста за пријавување за дискусија и за реплики.

Првото излагање го имаше пратеникот од таа партија Антонијо Милошоски, кој оцени дека според традицијата, претседателското место требало да ѝ припадне на партијата што победила на изборите.

По него сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се пријавија за дискусија и за реплики, а Милошоски за контрареплики, кои главно ги користат за други теми, предупредуваат што значи кантонизација, што значи двонационална држава и споменуваат примери со Босна, Црна Гора, Естонија, ја споделуваат загриженоста на Милошоски итн.

И додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја бранат, како што велат, изборната победа, нивниот претседател Никола Груевски денеска преку Истанбул заминал на Малта, на Конгрес на Европската народна партија.(мкд.мк)

Слични содржини