policijalenta20142

На 08.02.2016 година во 17.00 часот, по пријава и барање за асистенција од Центарот за социјални работи, полициски службеници во куќа на ул. „Браќа Ламески“, во која живее Ј.Н. (51)-лице со лабилна ментална состојба, пронајден е распаднат лешот на неговата сестра М.Н. (49).

Колективна тепачка и бодење во СУГС „Зефљуш Марку“

Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Се работи за мумифициран труп, поминат е подолг временски период кога настапила смртта. Во разговор со полициските службеници Ј.Н. се изјаснил дека неговата сестра починала пред повеќе од една година. По наредба на ЈО телото е предадено на обдукција. Се работи за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини