Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди.

g_pajak-sluzba

Од нив, девет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, двајца пешаци и еден велосипедист.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 66 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 24 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај и пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и 50 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор, од нив на 25 покрај поканата за глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 105 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Слични содржини