Во Србија спонтаните протести сепак со …. инструкции

од Vladimir Zorba
За време на протестите против авторитарниот режим на сегашниот српски премиер и иден претседател Александар Вучиќ на учесниците им се поделени  летоци со инструкции како да дејствуваат за време на поворките по градовите.
Синоќа, по трет ден по ред во Белград, и во повеќето големи градови на Србија, се одржаа протести против “изборната измама, купувањето гласови и диктатурата на Вучиќ”, кој победи во првиот круг на претседателските избори на 2-ри април со 55 отсто . Во протестите учествуваат претежно млади луѓе, а во Белград се собираати  по неколку илјади луѓе. Протестот е непартиски и официјално луѓето се собираат преку пораки на социјалните мрежи. Во исто време, сепак, на учесниците им се поделени летоци со инструкции како да се однесување  во различни ситуации.
Еве дел од нив: “Ако кон вас се обратат новинари одговарајте љубезно на сите прашања. Ние нема што да криеме …. Полицајците не се наши непријатели. Не ги фрлаа предмети, не ги пцујеме. Тоа се наши сограѓани кои се огорчени како нас од гангстерски режим на владејачката класа …. за време на поворките по улиците мора да внимаваш за движењето и ако има нервозни возачи не метежот автомобилите и не влегувајте во расправии со нив …. не сквернавете споменици на жртвите од Косово. Нивните страдања се и наши … “
Локално.мк потсетува дека сите опозициски партии се пожалија од медиумскиот притисок и злоупотреба на власта од страна на режимот на Вучиќ, кој учествува во трката и како премиер на земјата. Многу граѓански здруженија  го обвинуваат Вучиќ за фалсификување на гласови.Медимскатаз аедница во Србија одмана  алармира за киднапирани медиуми од власта и за нмање слобода во информирањето.

Слични содржини