267903-alfite-uapsile-razbojnici-od-shtip

На 29.11.2015 година околу 16.00 часот во с.Ваксинце – Куманово во куќа сопственост на Р.Р., кој е на привремена работа во Швајцарија, по претходна пријава, од страна на ПС од ПО-Матејче биле пронајдени 42 мигранти, меѓу кои седум малолетници, од Сирија, Пакистан, Иран и други држави кои илегално влегле во Р.Македонија. Мигрантите насилно влегле во куќата на Р.Р. Упатени се служби од СВР-Куманово за преземање на мерки и мигрантите се приведени во СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Дома го фатиле соседот како ги краде, го избркале, па го бркале и на крај …

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(22) од Куманово поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“. Пријавениот заедно со непознато лице на 09.11.2015 година на бензинската пумпа „Сателит“ во Куманово со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над В.Н.(34), при што му одзеле мобилен телефон.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(19) и седумнаесетгодишен малолетник, двајцата од Куманово, и С.Г.(19) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле седум кривични дела „тешка кражба“, од кои четири во обид. Пријавените во временскиот период од 30.08.2015 година до 24.10.2015 година, со употреба на физичка сила и подесен алат извршиле три тешки кражби од паркирани товарни возила, при што одзеле 60 литри дизел гориво и 15 литри бензин стекнувајќи се со противправна имотна корист од 5.000 денари, а на ист начин се обиделе да одземат акумулатор и гориво од паркирани две товарни и две патнички возила.

Слични содржини