Денеска во 14 часот првиот опозиционер Зоран Заев ќе објави нови снимки од прислушувањето, кои се однесуваат на партиската војска во институциите.
Утре пак во Брисел, повоторно треба да седнат двете страни на преговарачка маса .

Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, утре по втор пат ќе се сретнат во Европскиот парламент во Брисел со посредство на тројката европратеници Вајгл – Кукан – Ховит. Тактиката и преговарачките стратегии се држат во тајност и во двете партии.
СДСМ како решение за излез од кризата бара нов Државен јавен обвинител, нов обвинител за организиран криминал, средување на состојбите во медиумската сфера и преодна Влада којашто ќе ги организира и спроведе следните избори во Македонија, услови кои власта не ги прифаќа.

Иако јавно побараа да бидат вклучени во разговорите, на средбата нема да има претставник од ДУИ.

Слични содржини