МВР треба рачно да провери уште околу 115.000 досиеја (лични карти, пасоши, возачки дозволи и други лични документи) за 71.793 лица за кои се откриени спорни записи во избирачкиот список, дознава неофицијално Сакамдакажам.мк.  Овој податок произлегол од теренската проверка на избирачкиот список. Според извори од Државната изборна комисија(ДИК), до вечерва се проверени само околу 20.000 досиеја што Комисијата ги вратила во МВР на административна проверка.

DIK-6

Проверката требаше  да заврши вчера, а денеска треба да има јавна седница на ДИК од која ќе произлезе дали ќе има избори на 5 јуни. Не се знае дали денеска  ДИК ќе ја одржи оваа седница.

Попладнето во ДИК биле министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменикот Митко Чавков. Тие ги информирале членовите на Комисијата  дека од рачната проверка на околу 115.000 досиеја,  досега се проверени само 20.000, и дека за проверката на останатите досиеја ќе треба уште многу време.

Љупка Гогоческа, советник во ДИК  за Сакамдакажам изјавила дека се уште нема официјални информации за следните чекори на Комисијата околу теренската проверка. Според рокот што си го даде ДИК, таа требаше да заврши завчера.

Членовите на Комисијата, заедно со водачите на екипите и советниците  до доцна во ноќта  беа во  просториите на ДИК

Во Комисијата има различни мислења и жестоки караници околу финалната одлука за прашањето што е едно од најважните за одржување на изборитедик врата

Проблеме е и што со тие кои се проверени. Откако ќе се утврди дали и колку гласачи во Избирачкиот список се сомнителни, ДИК треба податоците да ги предаде до надлежните институции за да се одлучи што ќе прави со нив.Процедурата за отстранување од Избирачкиот список е многу сложена и ќе биде многу тешко некој да бидат  бришани  кој и да е  од Избирачкиот список. Најнапред се потребни цврсти докази за оспорување на жителството, а оштетениот има право да покрене постапка пред Управниот суд, која може да трае со месеци.Истиот проблем го посочија  и од невладината МОСТ и амбасадорите Орав и Бејли при вчерашните ТВ настапи

Според тоа, мали се шансите некој да биде избришан од списокот за изборите на 5 јуни. ЌЕ се оди или не на избори е едната дилема, поголемата е со каков список ,со стариот непрочистен или делумно забришан , или ќе се чека среден кредибилен  список, за што впрочем беше и целта, и целата пржинска кризна прикаска . Парламентот треба да биде распуште за два дека  а потоа Избирачкиот список треба да биде ставен на јавен увид на 17 април, освен ако четирите партии самите не се присилат  , да го истераат прочистувањето докрај,  за да како велат амбасадорите денот по изборите сите  да можат да кажат со полна уста и  и да признаат и победа, и пораз , и ЕУ  да излезе со препораката и граѓаните задовлни со дадената доверба.

 

Слични содржини