Вучиќ со нов великосрпски проект: Нова Југославија заедно со Албанија

од Vladimir Zorba

Сегашниот српски премиер и иден претседател Александар Вучиќ најави  создавање на економска и пазарна унија  на територијата на поранешна Југославија, која ќе ја вклучува и Албанија.

Според него, тоа ќе доведе до подобрување на економиите на земјите и регионалната соработка. Во своето прво интервју како новоизбран претседател, Вучиќ победи на претседателските избори на 2-ри април, бел.ред.

За “Политико” тој вели дека “другите земји од регионот, кои го прифаќаат неговиот план, ќе создадат пазар за 20 милиони. луѓе а тоа  е многу важно за привлекување на повеќе инвеститори”. “Мислам дека и останатите го  разбираат тоа “, вели Вучиќ.

На прашањето “дали сака да создаде нова Југославија” тој одговара: Станува збор за Стара Југославија плус Албанија “. “Станува збор за политичка идеја, без да се загрози суверенитетот на овие држави. Да се ​​покренат нашите економии. Ние имаме потреба од економски раст во рамките на 4-5 отсто, а не од 3 отсто годишно. Тоа не е доволно” , појаснува Вучиќ. На прашањето “како планира да постигне слична соработка со оглед тензиите во соседните држави” Вучиќ вели дека “Тито успеал да го стори тоа”. “Тој беше комунистички диктатор, но многу мудар  човек. Може ли да замислите тој беше бравар? Но многу умен. Знаеше како да ги  поврзе луѓето … Тоа ни е потребно. Да контактираме со луѓето”, вели тој и дава пример со млекарница која извезува јогурт и сирење во Босна и Херцеговина “.” Нивните камиони треба да чекаат барем 36 часа на границата, за да поминат низ целата инспекција и не знаеме зошто е тоа така. Сите компании ќе заштедат најмалку 7 отсто од трошоците “, појаснува Вучиќ.

Во однос на конфликтите на Балканот српскиот претседател вели: што и да се случи во Косово, тоа секогаш ќе биде меѓу Србија и Албанија. Ако барем едната страна е разумна, ќе ги избегнеме проблемите. Во Босна сепак има три страни и не е лесно да се справиш со работите. Босна е вистинско буре барут “, вели тој, прогнозира дека таму нема да има референдум за отцепување од федерацијата.

Локално.мк  потсетува дека поранешната югофедарација на Јосип Броз Тито се распадна во почетокот на 90-тите години. Југословенската армија, која беше на покорност на властите во Белград, окупира една третина од Хрватска и започна агресија против Босна и Херцеговина. Таму беа извршени и најголемите воени злосторства, вклучувајќи и геноцид врз локалното население во Сребреница, Жепа и Горажде. Во 1998 година српската армија започна и војната во Косово, која доведе до отцепувањето на поранешната српска покраина. При отцепувањето на Република Македонија Југословенската армија не интервенираше воено ама изврши тотален грабеж на сите воени објекти на територијата на земјата. За време на единствен владеењето на  Тито убиени се стотици илјади противници на режимот. На територијата на Словенија има десетици масовни гробници каде се закопани најмалку 150 000 луѓе. Во Република Македонија во 60-тите година на минатиот век биле составени досиеја на 138 600 лица. Првиот шеф на осогласената  југословенска државна безбедност – УДБА и десна рака на Тито – Александар Ранкович, пред југословенскиот парламент од 1 февруари 1951го  соопштува следново признание: “Во нашите затвори меѓу 1945-1951 поминале 3 777 776 затвореници и сме ликвидирале 586 000 народни непријатели “. Во МАкедонија многу неситомисленици завршиле на Голи оток, а како најпознат случај на ликвидација се 55 те стрелани велешани на крајот на војната, од страна на првиот човек на УДБА Јевто Шашиќ.

Слични содржини