XXL моделот Ешли Греам прифати гола фотосесија

од Vladimir Zorba

XXL моделот Ешли Греам  прифати да учествува во фотосесија за модниот магазин Love Magazine во која се соблече целосно. Таа објави некои од фотографиите во својот профил на социјалната мрежа “Инстаграм”, додавајќи дека тие се дело на францускиот фотограф Патрик Демаршлие.

Сликата на заоблената манекенка собра повеќе од 325 000 допаѓања на интернет. Страницата на Греам е следена од 4.6 милиони корисници.

Ешли Греам е американски XXL модел. Таа се појавува на насловните страници на списанија како Elle Quebec, Vogue, Harper’s Bazaar, Glamour и Elle UK. Таа е и првата манекенка со раскошни форми, која позира за списанието Sports Illustrated Swimsuit.

Слични содржини