За Белата куќа изјавата на Трамп за жените е одвратна

од Vladimir Zorba

Белата куќа ја нарече „одвратна“ вулгарната изјава на Доналд Трамп за жените, оценувајќи дека неговото недолично однесување може да се смета за сексуален напад.

belata-kuka1-520x346

– Како и другите Американци, претседателот ги смета за одвратни видеоснимката и тие изјави  – рече портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Тој додаде дека однесувањето на Трамп заслужува најостра осуда и може да се смета за сексуален напад.

Во видеоснимката на „Ен-би-си“ стара 11 години, Трамп се фали со начинот на на кој ги освојува жените што го привлекуваат, односно со техники кои се блиски на сексуална злоупотреба./Мета

Слични содржини