Изутрината  во 6 часот и 15 минути на улицата „Ѓорче Петров“ се случи сообраќајна незгода во која еден пешак го загуби животот. Се уште трае увидот на местото на несреќата.сообракајка

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди.

Од нив, пет се со последица материјална штета и девет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, тројца велосипедисти и еден патник во автобус.

Се случиле и четири незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца водачи на мопеди, двајца сопатници, еден возач на мотоцикл и еден возач на трактор, а со полесни повреди се здобил еден сопатник на мопед.

 

Во текот изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 63 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Oсум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и 60 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 88 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

Слични содржини