Во Црна Гора во последните три години 500 лица од медиумите добија откази, соопшти Синдикатот на медиумите, една од двете синдикални организации во оваа област.

Podgorica (foto: Thinkstock)

Продолжува затворањето на медиуми, а медиумските куќи се потешко работат, се нагласува во соопштението на Синдикатот по повод Светскиот ден на слободата на печатот.

Синдикатот посочува дека сопствениците на медиумите товарот на кризата го туркаат врз грбот на вработените, така што ги намалуваат платите и се повеќе ги отпуштаат.

Покрај тоа, голем број на вработените во медиумите придонесите им се плаќаат врз основа на минималната плата, а остатокот од парите ги добиваат на рака.
Синдикатот ги повикаа новинарите и другите медиумски професионалци “заеднички да укажуваат” на кршење на законот и да се борат за професионализација на медиумите.

Слични содржини