Задграничен комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија ја откажа поддршката за Груевски

од Vladimir Zorba

Заддграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Бризбен-Квинсланд од Австралија се оградува од ВМРО-ДПМНЕ и поддршката ќе му ја даде на ФРОДЕМ. Ова во писмо до А1он го посочува претседателот на комитетот, Љубе Спасески, во кое вели дека така ќе остане се додека не се вратат основачите на ВМРО-ДПМНЕ во партијата.

4343454

-Ние задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Бризбен-Квинсланд Австралија повеќе не сме послушници на оваа корумпирана врхушка што ја води матичната партија ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.

Додека не дојдат промени во врвот на партијата ние не сме дел од оваа врхушка.

Ние сме едни од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и засега се тргаме настрана од ова раководство.

Понатаму ќе дејствуваме како поддржувачи на нашите идеали кои засега ги застапува здружението ФРОДЕМ кое е направено од вистински патриоти што си ја сакаа партијата ВМРО-ДПМНЕ и државата.
Ова го правиме зошто во ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема наши сопартијци, повеќето се комуњари и влезени во партијата за функции.

Дури не се вратат основачите на партијата со млади деца ние остануваме со поддршка за ФРОДЕМ кое го води нашиот патриот Јове Кекеновски, пишува во писмото претседателот на ЗК ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Спасески.

Освен овој, во Австралија ВМРО-ДПМНЕ има уште четири задгранични комитети, и тоа во Мелбурн, Аделајт, Перт и Сиднеј.

Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ замина и пратеникот од Австралија, Васко Наумовски кој најави дека политичката активност ќе ја продoлжи во ФРОДЕМ.

Слични содржини