Заев до Ромео: Ќе продолжиме со чекорите за деблокирање на демократските процеси

од Vladimir Zorba

Парламентарното мнозинство ќе продолжи со чекорите кон избор на нов претседател на Собранието и избор на новата влада, рекол лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.

На средбата, како што соопштуваат од СДСМ, била констатирана потребата од деблокада на демократските процеси и била нагласена потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принципи.

– Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска Влада, според Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија – рекол Заев на средбата.

Заев и Ромео разговарале и за ризиците од пролонгирањето на деблокадата на демократските процес, а лидерот на СДСМ, во тој контекст, посочил дека покрај техничкото функционирање на министрите, од средината на мај и на градоначалниицте и на советниците во општините целосно ќе им престане мандатот./МЕТА

Слични содржини