Заев објави снимка за која посочи дека е разговор на министерот за финансии Зоран Ставревски и Гордана Јанкулоска за градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

– Копилево од Битола, ни направи скандал со превознициве. Има на сметката негови 60 милиони денари и на сметка на дотации 16 милиони денари, значи вишок му е тоа… Наместо да плати со тоа, врши притисок дека малку му давале пари од Министервтото. Едно 50 смс пораки имаше испратено до шефот, завчера на Влада не сакав ни да го погледнам. Копилето игра крајно расипано, и игра перфидно, голем глумец.

– Е па професија му е тоа. Копилиња, се степавме со комуњариве, и со сета помош што му е дадено тој ми прави притисок мене.

Во друг разговор меѓу министрите Јанкулоска и Ставрески се вели дека Валентина Божиновска се жалела дека нејзината институција нема парно и дека е тоа срамота за 21. век, а Ставрески вели дека со комуналните услуги е проблем во сите институции во државата. Јанкулоска се жали дека нема пари за плати.

Од презентираниот разговор може да се слушне дека владата на Бетон му должела многу пари. „Од сабајле ми стигаат пораки. Ми се повраќа веќе, дегутантно е веќе на влада“, се вели.

Во разговорот се слуша:

„Буквално сме забегани, тоа е тој термин буквално, терминов што го употребуваат комуњариве.

Да помине годинава, догодина ќе биде подобро – е не е подобро

Ние толку многу додаваме трошоци што Америка да бевме нема да се издржи, ние сме лудаци ова е ненормално, ние сме лудацим трошиме на чоколада а немаме леб, основните функции ги кратиме а ваму градиме не знам што, државава не функционира“, се вели во разговорот.

Слични содржини