Хрватска не сака да биде прифатен центар за мигрантите, т.н. hot spot. Во 12.00 часот по локално време, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ излезе со  вонредна прес-конференција по повод миграциската  криза во земјата.

 

 

 

миловановикТој истакна дека Хрватска нема капацитет за прифаќање на бегалци. “Досега сме прифатиле над 13 000. Многу мал дел од нив ја напуштиле земјата”, рече хрватскиот премиер. “Копнената граница со Србија е единствениот слободен влез кон ЕУ. Унгарија ја затвори границата со ограда, но тоа не е решение. Но не е решение и Хрватска да биде hot spot / центар, каде ќе се прифаќаат мигрантите и ќе се обработуваат нивните документи  /.

Од денеска почнуваме да применуваме нови методи – се разбира човечки и хумани. Во исто време е апсолутно можно, дозволено и цивилизирано Грција да почне да ги почитува правилата и да го прекине миграцискиот  притисок. Зошто постапуваат на овој начин? Зошто Европа го дозволува тоа? “, праша Милановиќ  во Загреб.

 

 

4408360Додека Балканот се обидуваат да се справи со мигрантите, Меркел си прави селфи со нив!

“Ги повикувам ЕУ да разберат дека Хрватска во никој случај нема да се претвора во hot spot, како што ни нудат некакви бирократи со плати од 10 000 евра. Хрватска нема да прифати 100 000 мигранти и Европа да избира кој од нив да  ги прифати, а кој не. Тоа е дното, а особено за оние кои имаат корист од кризата … Ангела Меркел ги  покани овие луѓе и тие се дигнаа . Хрватска е во можност да го прифати само неколку илјади “, рече хрватскиот премиер Милановиќ.

Слични содржини