Земјотрес или нешто друго? Се тресеше земјата во Северна Кореја

од desk2

Земјотрес со магнитуда од 2,9 според Рихтер синоќа е забележан недалеку од местото на кое Пјонгјанг во септември ја изведе најсилната нуклеарна проба.

Потресот е забележан во 1.41 по локално време, на длабочина од 5 км, соопшти Американскиот геолошки институт.

„Ова се случи на подрачје на поранешните севернокорејски нуклеарни проби. Има карактеристики кои личат на земјотрес, но сепак не можеме да изведеме сигурен заклучок околу тоа дали е предизвикан од природна или човечка активност“, наведе американската федерална агенција.

AFP пренесе дека истовремено и Метеоролошката администрација на Јужна Кореја по пат на сателит соопштила дека „анализите покажуваат дека се работи за природен земјотрес“. „Се верува дека не предизвикал никаква штета“.

Слични содржини