Жалбата на Реал отфрлена, останува суспензијата за Роналдо

од desk2

Апелациониот комитет на Фудбалската федерација на Шпанија денеска ја потврди суспензијата од пет натпревари за ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Шпанскиот првак вложи жалба на првобитната одлука донесена во текот на вчерашниот ден надевајќи се дека таа ќе биде намалена, но аргументите што ги поднесе не беа прифатени. Како што е познато, Роналдо доби суспензија затоа што го турна главниот судија откако доби втор жолт, односно црвен картон.

Но, изгледа дека Реал нема тука да застане. Најавено е дека ќе поднесе жалба и до Спортскиот арбитражен суд чија одлука е последна. Ако и таму не успее, Роналдо ќе дебитира во новата сезона на 20 септември во дуелот против Бетис на домашен терен.

Слични содржини