Жбогар: Партиите се обврзаа да дадат поддршка на СЈО!

од desk3

Формирањето на СЈО е клучната работа која произлегува од Пржинскиот договор. Политичките партии во многу наврати се имаат обврзано да дадат поддршка на СЈО. Ние ги охрабруваме партиите да ја почитуваат оваа нивна заложба, и во иднина да ја имплементираат со поддршка кон СЈО.

 dsc_0002-560x390
Ова го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, денеска во Куманово одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува одлуката на владејачките партии за недавање поддршка на измените на Законот за СЈО.
Жбогар, кој присуствуваше на означувањето на почетокот на проектот за рехабилитација на канализационата мрежа во Куманово, го повтори ставот дека СЈО е најдобрата алатка за да се истражи одговорноста која што произлегува од прислушкуваните разговори. 
Што се однесува до изборите, евроамбасадорот изјави дека четворицата лидери уште во август востановиле дека сите услови се исполнети за нивно оддржување во декември.
– Исто така, имам постојани дискусии со четворицата лидери во врска со прашањето за изборите и за прашањето поврзано со СЈО и мојот впечаток е дека сите се подготвуваат за оддржување на изборите. Ние како ЕУ се радуваме и со нетрпение очекуваме изборите да се оддржат тогаш кога се закажани. Тоа ќе биде можност земјата да се врати во нормала, да го продолжи својот европски пат и да ја продлабочиме нашата соработка, изјави евроамбасадорот Жбогар.

Слични содржини