Жестока дебата меѓу Трамп и Клинтон- таа е одвратна жена!

од Vladimir Zorba

Хилари Клинтон и Доналд Трамп ја завршија синоќа серијата дебати пред претседателските избори во САД со жестока размена на обвинувања. Изостанувањето на ракување меѓу нив и одбивањето на републиканскиот кандидат да одговори на прашањето дали ќе ги прифати резултатите од изборите, го одбележаа нивното последно соочување.5121270

Според Би-Би-Си, кандидатите не се ракувале ни пред ниту по „политичкиот спаринг“ што влијаело на понатамошниот тек на дебатата.

Трамп, одговарајќи на прашање на модераторот Крис Волос дали ќе ги признае резултатите од изборите одговори: – Ќе ви кажам кога ќе дојде време за тоа. Тој го изјави тоа четири дена откако нагласи дека верува оти изборите ќе бидат наместени.

Својата ривалка ја нарече „одвратна“ жена.m

За време на дебатата се провлекуваше и името на рускиот претседател Владимир Путин. Клинтон рече дека Путин сака да биде избран Трамп бидејќи сака марионета за американски претседател.

– Ти си марионета, возврати Трамп истакнувајќи дека Путин ја „надмудрил“ и „надиграл“ поранешната државна секретарка

ТРЕТАТА ЗАВРШНА ДЕБАТА МЕЃУ ХИЛАРИ КЛИНТОН И ДОНАЛД ТРАМП

.

Трамп и Клинтон се спротиставија и за низа внатрешно-политички прашања како што е абортусот и правото на носење оружје. Особено остра дебата имаше за илегалните имигранти и планот на мексиканскиот претседател да подигне ѕид на границата.

 

trampovi

 

Кандидатот на демократите за Белата куќа, Хилари Клинтон победи на последната предизборна телевизиска дебата, која се одржа синоќа во Лас Вегас, објави Си-Ен-Ен врз основа на резултати добиени од спроведена анкета.

Педесет и два отсто од анкетираните изјавиле дека Клинтон е победник, а 39 проценти сметаат дека подобро се претсдтавил кандидатот на републиканците Доналд Трамп.

Според оценките на Си-Ен-Ен, Клинтон го победи Трамп и на првата и втората телевизиска дебата со 62 наспроти 27 отсто, односно 44 наспроти 34 проценти.

Слични содржини