Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ кој прв дојде до „Панама пејперс“, денеска соопшти дека нема да ги објави сите досиеја.

Весникот најавува дека целиот комплет од 11,5 милиони документи „нема да ѝ биде достапен на јавноста, ниту на правосудните органи.

zidojce-cajtung

„Зидојче цајтунг“ додава дека властите имаат овластувања да добијат такви документи од осомничените, но дека во најголем дел од случаите не постои јавен интерес за објавување на офшор-работењето на компаниите или на поединци.

„Панама пејперс“ покажуват дека повеќе од 500 банки, нивните подружници и разграноци регистрирале речиси 15.600 офшор-компании преку фирмата „Мосак Фонсека“, а најголем дел од нив се основани во 1990 година./извор Мета

Слични содржини