?Скопјанец дома си насадил марихуана, одземени 41 саксија

Пронајдена илегална лабораторија за марихуана во Аеродром

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Фејсбук/МВР

На 20.04.2026 во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (50) од Скопје.

При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн.

По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.