„Ја плеснав, допрев или штипнав“: Рамбо Амадеус се огласи по повод обвинувањата против него

од Stefanija Kuzmanovska

Лејла Кашиќ, продуцентката на емисијата „Дневница“ на Радио-телевизија на Црна Гора, преку Инстаграм го обвини црногорскиот музичар Рамбо Амадеус за сексуална злоупотреба.

По тој повод, Рамбо Амадеус се огласи на својот Фејсбук профил:

„По повод немилата и непријатна случка во финалето на снимањето на епизодата од серијалот „Дневница“, како и медиумската врева која уследи, сакам да се огласам и да го објаснам моето целосно недолично однесување кон новинарката Лејла Кашиќ.

Додуша, ќе беше многу полесно да се наведе што ми се замерува конкретно, бидејќи во текот на денот имаше доста недоразбирања и несогласувања во нашата комуникација. Ова личи на некоја нејзина медиумска тактика, но дозволете ми да се обидам да ги набројам и да ги признаам сите мои погрешни постапки. Ќе ја замолам дотичната госпоѓица да ме дополни ако сум заборавил нешто.

Цел ден бев мрзоволен и саркастичен поради фактот што толку набрзина скокнав во нешто што немаше никаква врска со мојот сензибилитет и уверувања.

Но, да ве потсетам, бев обвинет и јавно осуден за сексуално вознемирување и злоупотреба.

Дозволете ми да прецизирам.

Додека се приближувавме до куќата на социјално загрозено семејство, дотичната госпоѓица сосема непланирано ја пипнав или плеснав по задникот или пак ја штипнав, сега појма немам. Тоа нема никаква врска со секс, барем не од моја страна. Сакав некако да ја известам дека немам што повеќе да правам, дека ме дотера во понижувачка положба. Некој последен обид да се откаже од грубото навлегување во интимноста на едно семејство. Неспретно артикулиран квази-другарски аларм. Сексистички можеби, сексуален не.

Никој не го виде тоа, не се бунеше ни таа, можев да негирам, но мразам да се фолирам. Јас не сум тој лик.

Значи, ја плеснав, допрев или штипнав (прашање за форензичко толкување) во траење од една секунда. Верувам дека има сателитски снимки кои можат да го потврдат тоа, денес секој сантиметар од планетата и онака е снимен“, стој во дел од статусот на музичарот. Во продолжение може да ја прочитате објавата на Фејсбук во целост.

Слични содржини