Јонуз: Познавам Бугари на кои дете би им оставил да ми чуваат, народ за респект

од Nikola Popovski

Немам намера да се правам поголем Македонец од Македонците, но јавно кажувам дека Македонците не ги давам за Бугарите, па макар мајка Јана да е. Македонецот е мој брат, вели колумнистот и поранешен портпарол на Влада, Агим Јонуз.

Тој вели дека има право да се нарекува „македонски Албанец, што значи Албанец од Македонија“.

-Која е поврзаноста на лавчето каде што секаде се појавува на сите грбови, знамиња и на сите најголемо македонски и најголемо бугарски елементи? Постои некоја нишка која е заедничка. Немам намера да провоцирам, туку сум љубопитен. Македонија е една заедничка држава на граѓаните внатре. Албанец сум и се гордеам со тоа. Бугарите се народ за респект, познавам Бугари на кои што дете би им оставил да ми го чуваат. Имам високо мислење за нив, рече Јонуз во емисијата „Само вистина“.

Тој додаде дека постојат македонски Бугари во земјава.

-Молам некој да ми одговори дали Илинденското востание пишува дека е македонско востание и дали таа Крушевска република се нарекла македонска или само крушевска? Мултиетникумот кој го дигнал тоа востание учествувал против Турската империја. Знаете како викаат на Запад за Александар Македонски, „Alexander the Barbarian“ – Варварот. Каква држава? Македонија е област, исто како што области се Војводина, Панонија и Кавказ, рече меѓу другото Јонуз.

Слични содржини