Јовановски: Ја поддржавме Арсовска, но кога егзистенцијата е во прашање – неблагодарно е да се лепат политички етикети

од Nikola Popovski

Директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски вели дека лошата причина за лошата состојба со превозот треба да се бара околу соработниците на градоначалничката Данела Арсовска и оние кои што обвинуваат.

Тој информира дека „Слобода превоз“ е во штрајк и не го вршат превозот.

-Нас не ни беше понудено никакво решение, не гледаат. Само кажуваат дека немаат пари за да течат исплатите и дека не знаат кога тоа ќе се случи. Пари нас ни дава ЈСП и тоа е обврската. Градот не ни должи, туку ние се обраќаме кај градот за да видиме каде е проблемот, информира Јовановски во емисијата „Студио 10“.

Тој истакна дека долгот кон нив е речиси 1,5 милиони евра. Јовановски не очекува волја кај надлежните за решавање на проблемот.

-Јас сум во оваа работа 23 години. Функциониравме со сите градоначалници. Во периодот додека беше Шилегов, не бевме доведени да имаме ваков долг или да престанат тековните исплати. Јас како индвидуа ја поддржував Арсовска безрезервно бидејќи во програмата нудеше нешто што ни одговара и се декларираше како независен кандидат. Но кога се парите и егзистенцијата во прашање, неблагодарно е да се лепат политички етикети, рече меѓу другото Јовановски.

Слични содржини