🎥Maserati MCXtrema

од Vladimir Zorba

По минатогодишната премиера на тркачкиот модел MCXtreme (еволуција на MC20), Maserati се подготвува за неговото лансирање ова лето. Пред да започнат испораките, Maserati спроведува низа тестови, а ново видео ни дава увид во тој процес.

Италијанската компанија најавува дека ќе направи ограничена серија од само 62 примероци, со напомена дека сите се веќе распродадени. Исто така, се наведува дека нема два автомобили да бидат исти бидејќи сите единици планирани за производство ќе бидат навистина уникатни.

Автомобилот е придвижуван од 3,0-литарски Nettuno V6 мотор со пар нови турбополначи, така што моќноста е 552 kW/740 КС.

MCXtrema, исто така, располага со шест-брзински секвенцијален менувач, механички диференцијал со самозаклучување, прилагодливи амортизери и шипки против превртување, карбон-керамички сопирачки Brembo, тркала од 18 инчи и резервоар за гориво од 120 литри.

Слични содржини