🎥Убиена кафеава мечка која повреди пет лица во Словачка

од Симе Стоиков

Кафеавата мечка која за неколку дена повреди пет лица во словачкиот град Липтовски Микулас е убиена, изјави словачкиот министер за заштита на животната средина Томаш Тараба.

Видеото од мечка како трча по улиците на Липтовски Микулаш на 17 март стана вирално, објави Би-Би-Си.

Беа потребни 10 дена за да се пронајде кафеавата мечка, која беше убиена во вторникот во локална шума.

Словачката влада сега сака поголема слобода за намалување на популацијата на мечки со селективно убивање.

За идентификација на мечката се користени дрон и биометриска технологија, напиша Тараба на својот Фејсбук профил и им се заблагодари на сите кои учествуваа во операцијата.

Минатата недела беше прогласена состојба на зголемена готовност, при што полициските сили интензивно патролираат во регионот за да спречат слични напади.

Мечката, која според еден словачки информативен портал се проценува на околу три години и тешка околу 70 килограми, била снимена како трча низ улиците на северниот словачки град на почетокот на овој месец.

На едно видео се гледа како мечка напаѓа човек на тротоарот. Повредени се пет лица, меѓу кои и едно 10-годишно девојче, а двајца се пренесени во болница со рани и гребаници.

Слични содржини