📸 Кралот Чарлс пристигна во болница на закажана операција

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот крал Чарлс денеска е примен во приватна клиника во Лондон на закажана операција поради проблеми со простата, потврди Бакингемската палата.

„Неговото кралско височество сака да им се заблагодари на сите кои му испратија добри желби минатата недела. Тој е воодушевен што знае дека неговата дијагноза има позитивно влијание врз свеста за јавното здравје“, соопштила Бакингемската палата, пренесе „Сан“.

Утринава Чарлс, придружуван од сопругата, кралицата Камила, ја посетил својата снаа Кејт, принцезата од Велс, која исто така се лекува во болница по операцијата на абдоменот минатата недела, пишува The Sun.

Се очекува кралот да остане во болница две ноќи.

Бакингемската палата минатата недела објави дека кралот Чарлс Трети ќе биде подложен на „корективна операција“ поради проблеми со простата, велејќи дека состојбата на кралот е „бенигна“.

Слични содржини