📸 „Нивни копии“: Фотографии од родителите на актерите од „Пријатели“ направија хаос на интернет

од Stefanija Kuzmanovska

Серијата „Пријатели“ премиерно се прикажуваше од 1994 до 2004 година и имаше 10 сезони.

Шестте главни актери Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Метју Пери и Мет Лебланк брзо ги освоија срцата на луѓето, а и денес се препознатливи токму по улогите во оваа серија, иако имаа успешна кариера и снимија повеќе филмови и серии.

На крајот на минатата година светот го потресе веста за смртта на Метју Пери, кој почина на 55-годишна возраст, а колегите од серијата се простија од него со трогателни објави и истакнаа дека сите се повеќе од пријатели, и дека за време на снимањето станале како семејство.

На една страница на Инстаграм, сега се појавија фотографии од родителите на сите шест членови на актерската екипа, а повеќето од коментарите се однесуваа на сличноста на Кортни Кокс и нејзината мајка, Дејвид Швимер и неговиот татко, Мет Лебланк и неговиот татко и Лиза Кудроу и нејзините родители.

Слични содржини