📸 Трамп се прости од својата ташта со трогателна објава

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, сподели слика на својот профил на Инстаграм, под која се збогува од својата ташта Амалија на трогателен начин.

„Ова е тажна ноќ за целото семејство Трамп. Прекрасната и убава мајка на Меланија, Амалија, штотуку отиде на едно прекрасно место на небото. Таа беше неверојатна жена, немам зборови за да опишам колку ќе ни недостасува“, напиша Трамп.

Потсетуваме, мајката на Меланија, Амалија Кнавс почина синоќа.

„Амалија Кнавс беше силна жена која секогаш се носеше со грациозност, топлина и достоинство. Беше целосно посветена на нејзиниот сопруг, ќерки, внук и зет. Ќе ни недостига и ќе продолжиме да го почитуваме и сакаме нејзиното наследство“, напиша поранешната прва дама на САД за својата мајка.

Слични содржини