📸Путин гледа слаба точка во „НАТО езерото“: „Ако Украина падне, ова ќе биде следното место од кое Русија ќе нападне“

од Vladimir Zorba

Поранешен американски генерал предупреди дека членството на Шведска во НАТО може да предизвика сериозна реакција од Кремљ, имајќи предвид дека Русија сега е опкружена со „НАТО езеро“.

Ова е името што некои луѓе го користат за Балтичкото Море, бидејќи сега се повеќе земји од НАТО ја опкружуваат Русија. Унгарскиот парламент го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО, а сега остануваат само формалности пред Стокхолм да стане 32-та членка на Алијансата.

Западните медиуми забележаа дека откако Финска ѝ се приклучи на Алијансата минатиот април како одговор на заканата од Москва, членките на НАТО сега го „заокружија“ Балтичкото Море, вклучувајќи ги Данска, Норвешка, Латвија, Литванија, Естонија и Германија, пишува Newsweek.

„Руската инвазија на Украина го претвори Балтичкото Море во НАТО езеро“, објави соработникот на Кралскиот институт за Обединети услуги, Самуел Рамани на мрежата „Х“, покрај сликата на која е прикажана новоформираната тампон зона против Русија.

Сепак, Марк Хертлинг, поранешен командант на војската на САД во Европа, рече дека Москва сè уште има силно присуство во регионот. „Многумина поставија мапа на која е прикажано „НАТО езерото“ како Балтичко море, но тука постои опасност. Повеќето не слушнале за Калининград или за преминот Сувалки. Ние што служевме во Европа веруваме дека ако Украина падне, ова ќе биде следното место од кое Русија ќе нападне“, напиша тој на мрежата „Х“.

Калининград е руска енклава во срцето на регионот и е опкружена со членки на НАТО. Таа руска енклава се наоѓа меѓу Литванија и Полска и е домаќин на руски воени средства, вклучувајќи поморски бази, аеродроми и ракетни системи.

Преминот Сувалки се споменува како точка од која Путин може да го започне нападот врз НАТО. Тој е идеален за овие цели, бидејќи има поддршка од голем сојузник – Белорусија. Исто така, користењето на оваа точка за напад би овозможило пробив на територијата на неколку земји, како што се Полска и Литванија.

Сувалки се граничи со Калининград од едната страна и ако руските или белоруските сили го затворат преминот, тоа ќе ја прекине способноста на НАТО да испрати засилување до балтичките земји по копно. Земјите членки на НАТО објавија сценарио, таканаречено „Alliance Defense 2025“ во кое се предвидува напад од Кремљ. Меѓу другото, токму Калининград и превојот Сувалки се споменуваат како точки од кои Русија би започнала напади.

Слични содржини