📽 Израел објави СНИМКА од тунелите на Хамас, еве што сè пронашле

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија фотографии и видео снимки на социјалната мрежа Х на кои, како што велат, се прикажани тунелите на Хамас под најголемите болници во Газа. Израел претходно објави дека ги пронашле тунелите.

„Терористички тунел на Хамас е откриен во болничкиот комплекс Ал-Шифа“, објави ИДФ со видео кое го покажува, како што тврдат, влезот во подземен премин на теренот на болницата во Газа. Објавија и фотографија со оружјето што го пронашле, а тврдат дека имало и возило со кое на 7 октомври бил нападнат Израел.

Покрај болницата Ал-Шифа, ИДФ тврди дека снимката е и од болницата Ал-Кудс и болницата Рантиси.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека копнената операција во Појасот Газа на крајот ќе ги опфати и северот и југот.

„Следната фаза започна“, рече Галант, додавајќи дека израелските сили го исчистиле целиот западен дел на градот Газа – кој се смета за упориште на Хамас – додека началникот на Генералштабот на армијата вели дека се блиску до уништување на воениот систем на Хамас на север.

„Ќе го довршиме тоа“, рече генерал-полковник Херзи Халеви.

Слични содржини