📽 ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ СНИМКИ: Тврдат дека Хамас лансира ракети од џамии и игралишта

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските одбранбени сили (ИДФ) на своите социјални мрежи објавија неколку видеа од Газа, на кои, како што тврдат, се гледа како Хамас го чува оружјето на места каде си играат деца и лансира ракети во близина на џамии и станбени згради.

Според ИДФ, војниците пронашле четири ракетни фрлачи на пет метри од детски базен и на околу 30 метри од станбени куќи во северниот дел на Појасот Газа, според The ​​Times of Israel.

Едно од видеата покажува соба со детски цртежи, за која се верува дека е игротека, која наводно ја користи Хамас за лансирање ракети кон Израел.

„Се наоѓаме во северниот дел на Појасот Газа. Од едната страна ги гледате овие прекрасни цртежи, додека од другата страна има ракетен фрлач“, изјави командант Томер од 50-тиот баталјон.

Друго видео покажува искористен ракетен фрлач кој користел струја од џамија.

„Ова е уште еден доказ дека терористичката организација Хамас го користи цивилното население како жив штит за терористички цели“, се вели во соопштението на ИДФ.

„Телеграф“ не можел да ја потврди автентичноста на овие снимки.

Во исто време, армијата продолжила да изведува воздушни напади врз цели на Хамас, додека силите ја продлабочија копнената офанзива во Појасот Газа.

ИДФ објави дека од почетокот на копнената офанзива во Појасот Газа, пред една недела, погодиле повеќе од 2.500 цели: копнени, воздушни и поморски.

Слични содржини