📽 Кралот Чарлс за првпат во јавноста по дијагнозата на рак

од Stefanija Kuzmanovska

Кралот Чарлс во неделата го направи своето прво јавно појавување откако му беше дијагностициран рак. Тој бил во црквата со кралицата Камила, објавија британските медиуми.

Шетајќи покрај Камила со чадор во рака, Чарлс пристигнал во црквата Света Марија Магдалена во Сандрингам, Норфолк во неделата наутро, пренесува „Индипендент“.

Пред една недела Бакингемската палата објави дека кралот, кој се искачи на тронот пред 17 месеци, има „форма на рак“.

Дијагностицирана му е откако отишол на преглед за бенигно зголемување на простатата.

Чарлс ги остави настрана сите јавни должности, но продолжува да работи зад сцената.

Во меѓувреме, кралот престојува во Сандрингам откако беше подложен на првиот круг на лекување од рак. Една од најпознатите величествени куќи во Британија, Сандрингам се наоѓа на имот од 8.000 хектари во Норфолк на источниот брег на Англија.

Палатата повика да се почитува приватноста на кралот, особено за време на неговото лекување.

Слични содржини