📽 Морски лав распарчил ајкула, борбата траела околу три минути

од Stefanija Kuzmanovska

Камера го снимила моментот кога морски лав распарчил ајкула пред шокирани посетители на плажа.

На видеото може да се види како морски лав ненадејно зграпчува сина ајкула за врат веднаш до брегот во заливот Монтереј, Калифорнија, а потоа со сета сила ја исфрла од водата.

Неверојатниот момент го снимила Лори Хеспе која дошла да ги набљудува китовите во водите на заливот.

„Вакво нешто не сум видел во животот. Бев апсолутно шокирана и изненадена. Нападот траеше околу три минути пред да дојде до својот брутален крај“, изјавила Хеспе за локалните медиуми.

Морските лавови се опортунистички предатори што значи дека одат на лесни оброци. Тоа може да вклучува лигњи, харинга, но дури и помали ајкули.

Повеќето возрасни сини ајкули се долги околу два метри и тежат речиси 200 килограми, па морскиот лав во видеото имал огромна предност во силата.

За време на сезоната на парење, морските лавови можат да бидат агресивни кон луѓето.

Слични содржини