📽 СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Ветер откорна покрив од куќа, срушени бандери под напон

од Stefanija Kuzmanovska

Силно невреме денеска ја зафати Војводина, а од силината на ветерот се урнал покрив на едно домаќинство во селото Пивнице кај Бачка Паланка. На социјалните мрежи се појави снимка од ветрот како го откорнува покривот, а месната заедница на ова село апелираше до граѓаните да не излегуваат на улица и да не ги пуштаат децата надвор бидејќи ветрот урнал бандери под напон, пренесе „Нова.рс“.

Олуен ветер денеска создаде хаос во Србија. Паѓаа дрвја по патиштата, врнеше силен дожд, а ветрот носеше сè пред себе.

Видеото од невремето од селото Пивнице кај Бачка Паланка потврдува какво невреме го зафати северот на Србија. На видеото споделено на социјалните мрежи се гледа како олуен ветар откорнува покрив на куќа.

Причинета е голема материјална штета, а на коловозот има остатоци од дрвја, лисја, како и цели дрвја кои се соборени.

Слични содржини