📽 Снимена блиска пресметка меѓу украинско и руско борбено возило, убедлива победа за едната страна

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави видео од пресметка меѓу украинско борбено возило на пешадијата (ИФВ) М2А2 ОДС „Бредли“ и руско борбено возило на пешадијата БМП-2.

„Бредли“, кој до Украинците пристигна од САД, а го управуваат припадници на украинската 47-та ударна бригада, се соочило со неизвесен противник – рускиот БМП-2.

Како што може да се види на видеото споделено на социјалните мрежи, БМП – 2 загубил во овој дуел.

„Бредли“ со неколку прецизни удари за само неколку моменти целосно го уништи руското борбено возило.

Видеото завршува пред да може да се види што се случило со екипажот на руското возило.

Слични содржини