📽 Спасувачите се пробија до затрупаните работници во индискиот тунел

од Stefanija Kuzmanovska

Спасувачите се пробија до 41 индиски работник кои повеќе од две недели беа заробени во разурнат тунел во индискиот дел на Хималаите.

Надлежните велат дека сега ќе ги извлекуваат еден по еден преку цевка со дијаметар од 90 сантиметри која ја провлекле низ урнатините на тунелот.

Работниците со ниски плати од најсиромашните држави во Индија се заробени во тунелот долг 4,5 метри во Утараханд од 12 ноември. Преку цевки добивале храна, вода, светлина, кислород и лекови, пишува Би-Би-Си.

Огромна машина за бушење, увезена од САД, која хоризонтално дупчеше низ урнатините, се расипа во петокот откако удри во метална бариера. Властите соопштија дека машината се поправа, а во меѓувреме 200 спасувачи рачно бушеа и отстрануваа остатоци. Националната управа за управување со катастрофи (НДМА) вчера објави дека спасувачите почнале вертикално да ја бушат шуплината на тунелот во кој се заробени работниците.

Геолозите предупредија дека вертикалното бушење е „голем ризик“ бидејќи силните вибрации предизвикани од дупчењето надолу може да претставуваат „огромна закана“ и да го дестабилизираат околниот терен, каде што живеат други луѓе.

Претставниците на НДМА потврдија дека вертикалното бушење започнало во неделата попладне.

Слични содржини