📽 ВОЈНАТА СЕ ПРОШИРУВА: Сирија објави дека Израел убил осум нејзини војници

од Stefanija Kuzmanovska

Сириските државни медиуми објавија дека осум сириски војници загинале во израелскиот воздушен напад во југозападниот дел на земјата.

Си-Ен-Ен пренесе дека се ранети уште седум војници.

Агенцијата се повикува на воен извор кој изјавил дека израелската „воздушна агресија“ цели на позиции во близина на градот Дера, а нападот предизвикал и материјална штета.

Си-Ен-Ен јавува дека израелската војска објавила дека нејзините воени авиони ги погодиле инфраструктурните и минофрлачките позиции на сириската армија претходната ноќ.

Израелската армија соопшти дека одговорила на синоќешните проектили истрелани од Сирија, кои паднале на отворен простор.

Слични содржини