📽 ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Американски пилот се самозапалил пред израелската амбасада, испратил порака

од Stefanija Kuzmanovska

Маж се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон, соопштија американските служби за итни случаи.

Инцидентот се случил во неделата околу 13 часот по локално време.

Службениците на американската тајна служба го изгаснале пламенот и мажот бил пренесен во болница со критични повреди опасни по живот.

Американските медиуми подоцна ја цитираа портпаролката на американските воздухопловни сили дека човекот бил активен воздухопловец.

Полицискиот оддел во Вашингтон сега води истрага за инцидентот заедно со Тајната служба и другите релевантни органи.

Во соопштението се наведува дека полицајците биле испратени да „помогнат на тајната служба на Соединетите држави откако едно лице се самозапалило пред амбасадата“.

Во соопштението се додава дека „возрасниот маж“ потоа бил префрлен во болница каде останал „во критична состојба“.

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа како мажот извикува „Слободна Палестина“ додека се самозапалува, јавуваат американските медиуми.

Во инцидентот нема повредени од персоналот на амбасадата, изјави портпаролката на амбасадата за The New York Times.

Во соопштение, израелското министерство за надворешни работи наведува дека човекот не му е познат на персоналот на амбасадата.

Слични содржини