Во Белгија еден на секои 800 мажи развил рак на дојка, покажува истражувањето објавено на интернет страницата на белгискиот канал RTBF.VARIOUS

Според експертите ракот на дојка се јавува и кај мажите и е многу поопасен, бидејќи се манифестира во подоцнежната фаза од животот. Дијагностиката на овој вид рак покажува дека 1% од сите дијагностицирани случаи на рак на дојка се мажи.

За разлика од добро воспоставените навики на жените за систематско набљудување, поради реткоста на болеста меѓу мажи во пракса кај нив недостасува превенција и контрола. Според лекарите главниот фактор кој го објаснува ракот на дојката кај посилниот пол, е наследна, односно генетски мутации, предадени од родителите. За жал ракот на дојка кај мажите се открива во фаза кога веќе е невозможно да биде лекуван.

Слични содржини